Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри смета дека Влаховиќ во Јувентус се соочува со ненормално голем притисок, а тој прави се за да го заштити.




Влаховиќ имаше одличен старт во Јувентус, но потоа против Торино не постигна гол, па дојдоа и првите критики. Српскиот напаѓач утре ќе дебитира со „старата дама“ во Лигата на шампионите во натпреварот на италијанскиот клуб против Виљареал.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Натпреварот со Торино беше тежок. Во текот на сезоната има натпревари кога не можете да создадете многу шанси, но Јувентус одигра добро. Утре Влаховиќ ќе дебитира во Лигата на шампионите и не можеме да го ставиме притисок врз него“.




„Мораме да му дадеме поддршка и да го заштитиме, јас сум човек кој ги штити своите фудбалери“, изјави Алегри.




Јувентус утре ќе се сретне со Виљареал во рамките од најелитното европско натпреварување.