Стоперот на Лацио Луис Фелипе кариерата ќе ја продолжи во Шпанија во редовите на Бетис.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако во претходната година Фелипе имаше бројни понуди сепак Бетис беше најупорен. Овој 24-годишен стопер на лето ќе стане слободен играч бидејќи одбиваше да потпише нов договор со Лацио, а со Бетис се договори за потпис на четири години.




Се обидуваше Бетис да го доведе и во текот на летото, но Лацио ги одби сите понуди. Сега повеќе нема препреки Бразилецот пристигнува без оштета како слободен играч.




Утрово се појавија и најави дека Бетис може да го засили и македонскиот репрезентативец Енис Барди.