Дома Фудбал Италија Eлмас: Шансите на Италија и Македонија во Палермо ќе бидат 50-50

Eлмас: Шансите на Италија и Македонија во Палермо ќе бидат 50-50

Eлиф Елмас блесна вчера на „Камп Ноу“ и беше еден од најзаслужните за голот на Наполи во ремито против Барселона 1:1.

Македонија на 24. март ја очекува натпревар против Италија во баражот за Светското првенство, а за жал Елмас ќе го пропушти овој натпревар поради жолти картони. После вчерашниот натпревар „дијамантот“ доби прашање и за овој натпревар.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Италија – Македонија? Според мене шансите се 50-50. Тоа е еден натпревар, големината на Италија можеби да има важност пред мечот. Кога судијата ќе означи почеток на натпреварот на теренот фудбалерите се 11 на 11 и се е можно. Зошто Македонија да нема шанси? Ќе видиме што ќе биде после последниот судиски свиреж во Палермо. Нормално дека пласман на Македонија на СП во Катар би бил голема работа“, изјави Елмас.

Ќе потсетиме во вториот полуфинален бараж во нашата група ќе се сретнат Португалија и Турција.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона прифати понуда да го продаде за 15 милиони, но тој не сака да „слушне“ за трансфер

Барселона пред неколку дена доби понуда што ја прифати за еден од своите првотимци, но тој…