Манчестер Сити е спремен да го продаде Рахим Стерлинг на крајот на сезоната, доколку не стави потпис на нов договор.
Англискиот репрезентативец не добиваше голема минутажа на почетокот на сезоната и јавно го искажа своето незадоволство, но во последно време игра одлично.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Стерлинг истекува за 18 месеци, а „граѓаните“ веќе доставија понуда до неговиот агент за продолжување на соработката.
Сити нема намера да дозволи Стерлинг да замине како слободен агент и доколку не стави потпис на нов договор до крајот на сезоната, тогаш ќе биде продаден на лето.
Во клубот не се загрижени, бидејќи знаат дека неколку европски клубови покажуваат сериозен интерес за Стерлинг и се спрмени да го продадат.