Веќе пишувавме дека Барселона ќе биде ослабена против Барселона, но проблеми има и Наполи.
Тренерот Лучијано Спалети за овој дуел од Лигата на Европа нема да може да смета на Политано и Лозано за кои се знаеше од претходно дека нема да можат да настапат. Денес пристигнаа дополнителни лоши информации, тренингот го пропуштил првиот напаѓач, Виктор Осимен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Осимен почувствувам непријатност во мускулот и го пропуштил тренингот. Тој сепак ќе патува со екипата во Каталонија, но неговиот настап е под знак прашалник.
Натпреварот помеѓу Барселона и Наполи е на програмата во четврток од 18:45 часот.