Роналд Араухо нема да биде спремен за натпреварот против Наполи.
Денес стигна потврда дека после повредата против Еспањол Араухо е надвор од тимот. Уругваецот не тренираше со екипата на еден ден пред натпреварот со Наполи и во најдобар спремен ќе биде спремен за недела кога Барселона ќе гостува кај Валенсија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Араухо неодамна заработи скршеницан а раката и се опорави брзо, со заштита играше само пет дена после операцијата, сепак овој пат чудо не беше можно. Дефанзивецот има повреда на мускулот на ногата и невозможно е да игра со некаква заштита.
Така против Наполи на Елмас се очекува стоперскиот тандем на Барселона да го сочинуваат Пике и Гарсија. Докторите на Барселона ќе се обидат да го опорават Араухо до недела затоа што против Валенсија во првенството Пике нема право за настап.
Натпреварот помеѓу Барселона и Наполи се игра утре од 18:45 часот.