Tибо Куртоа вчера беше блиску да биде херој на Реал Мадрид, бранеше одлично, го запре Меси од белата точка, но на крајот Мбапе го совлада во последните моменти.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Куртоа во изјавата после натпреварот беше реален и истакна дека не играле добро, откри и дека ги анализирал пеналите на Меси.




„Ги проучував пеналите на Меси и пред овој натпревар, се обидов да играм со него на линијата додека се подготвуваше. За да одбраните пенал на еден таков играч потребна ви е и среќа“.




„Голот го примивме откако глупаво ја загубивме топката, потоа Мбапе заобиколи двајца наши играчи и ја погоди мрежата. Тешко е да се прифати, но мора да се признае дека не игравме добро. Планот за следниот натпреар останува ист – мора да победиме за да продолжиме понатаму“, изјави Куртоа.