Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков потврди дека ќе го напушти ингарски Веспрем на крајот на сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Манасков со Веспрем му завршува во јуни, а клубот потврди дека нема да ја продолжи соработката.
Манасков е во Веспрем од 2017 година, а во 2018 беше избран за најдобар ракометар во тимот по избор на навивачите.
Во моментов Манасков се рехабилитира од тешката повреда на коленото која ја заработи во октомври и на лето ќе бара нов клуб.