Новак Ѓоковиќ даде ексклузивно интервју за „Би-Би-Си“ во кое зборуваше за ситуацијата со вакцинирањето и за сагата со депортацијата од Австралија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ѓоковиќ зборуваше детално и за депортацијата од Австралија и истакна дека тоа не се случило поради фактот што не е вакциниран.
„Бев многу разочаран од се што ми се случи во Австралија. Не беше лесно. На пример, грешката на документот за добивање виза апсолутно не е намерно направена. Впрочем, таа грешка беше прифатена и потврдена од Федералниот суд, дури и од самиот министер за имиграција. Значи, она што луѓето веројатно не го знаат – не бев депортиран од Австралија затоа што не бев вакциниран, или затоа што прекршив некои правила или затоа што имав грешка во моето барање за виза“.
„Сето тоа, всушност, беше одобрено, а потоа потврдено од Федералниот суд и министерот за имиграција. Причината поради која бев депортиран од Австралија беше тоа што министерот за имиграција Алекс Хок ја искористи својата дискреција да ми ја укине визата врз основа на ставот дека можам да создадам некое антиваксерско чувство во земјата или градот, а јас воопшто не се согласувам со тоа“, објасни Ѓоковиќ.