Дома Македонски спорт Ристевски возврати на СФМ: Циговски цела година не прашал ништо за скијачите, па уште ги нарекува неспособни!

Ристевски возврати на СФМ: Циговски цела година не прашал ништо за скијачите, па уште ги нарекува неспособни!

Продолжува „војната“ меѓу Антонио Ристевски и Скијачката Федерација на Македонија.

Минатата недела Ристевски објави дека добил допис за отказ затоа што не се појавувал на работа (тука) и тоа додека е на Олимписките игри во Пекинг како тренер на нашиот најдобар скијач во овој момент, Дардан Дехари. Потоа следуваше и одговорот од скијачката федерација. (тука)


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Сега Ристевски се огласи повтроно и неговото соопштение ви го пренесуваме во целост:

„Почитувана јавност, принуден сум на ваков начин да се бранам од клеветите на самопрогласеното водство на СФМ. Многу е тешко да се брани спортот од приучени личности кои немаат допирна точка со тренажен процес и исполнување спортски норми за учество на светски ски натпревари. Недозволиво е Циговски да ги девалвира спортските успеси на македонските репрезентативци. Ај што речиси 1 година не ни прашал каде се и што им треба, па уште и ги навредува и ги нарекува неспособни. Македонија е мала земја која се бори за свое место под олимпискиот оган. Делењето на “мои” и “туѓи” скијачи е уништување на спортот со умисла. Еве ги фактите! Најдобрите наши скијачи во моментов, A-репрезентацијата ,заедно со мене како тренер, во последнава сезона до сега имаме реализирано повеќе од 160 активни денови на физички потготовки, 90 дена на снег со повеќе од 120 дена поминати надвор од Државата. Учествувавме на 22 FIS меѓународни натпревари, од кои 8 во Италија, 2 во Франција, 4 во БИХ и 8 во Црна Гора. Постигнавме одлични резултати и повторно ја исполнивме нормата за алпската А репрезентација на СФМ и олимписката норма за учество на ЗОИ во Пекинг. Сето ова го сторивме со НУЛА денари помош од СФМ! На официјалната интернет страна на FIS лесно се проверуваат резултатите. Јас сум подготвен да преземам одговорност за овој учинок, но клучната дилема е дали Циговски е подготвен да преземе одговорност за своето поведение. Македонскиот спорт видел се’ и сешто изминативе 30 години. За да си на чело на било која спортска федерација треба да го сакаш спортот, да обединуваш и да си спремен да даваш, а не да мислиш само на земање. Каков е тој синдром, да го мразиш успехот на репрезентативците само заради тоа што знаат колку си неспособен? Ние спортистите сме издржале многу, ќе ги издржиме и овие сегашниве залутани епизодисти во спортското скијање. Порано или подоцна вистината секогаш победува“, објави Ристевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…