Дома Останати Кошарка НБА Нов трипл-дабл на Јокиќ, но пораз за Денвер 🎥

Нов трипл-дабл на Јокиќ, но пораз за Денвер 🎥

Никола Јокиќ беше првото име кај Денвер во поразот од Бостон, не помогна и неговиот трипл-дабл.

Српскиот кошаркар така продолжи да игра на МВП нивото, додека неговиот тим се мачи во сезоната. Бостон до победата дојде најмногу благодарение на Џејсон Татум и неговите 24 поени. Јокиќ натпреварот го заврши со 23 поени, 16 скокови и 11 асистенции.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Чикаго успеа да го одбрани домашниот терен од Минесота (134-122). Прва ѕвезда на домаќините беше Демар Дерозан кој блесна со 35 поени. Натпреварот беше решен во последната четвртина кога гостинската одбрана дозволи Чикаго да постигне дури 42 поени.

Филаделфија немаше проблеми со Оклахома и триумфираа со 100:87. Прво име беше Џоел Ембид со 25 поени и 19 скока. Камерунецот со своите настапи се истакнува како еден од фаворитите за МВП во сезоната.

Гостински победи остварија Кливленд, Шарлот и Сан Антонио, додека Јута дома лесно излезе на крај со Орландо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…