Дома Фудбал Италија Италија може да биде без Имобиле против Македонија

Италија може да биде без Имобиле против Македонија

На вчерашниот натпревар против Милан, Чиро Имобиле заработи повреда, а со тоа ги исплаши Италијанците за баражот во март.

Имобиле по еден дуел со Калулу падна во болка на теренот. Во прв момент не изгледаше сериозно, меѓутоа теренот го напушти со помош на медицинските лица од Лацио и едвај да газеше на стапалото.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По укажаната лекарска помош Имобиле се врати на теренот, но само по неколку минути побара замена. Од трибините повредата на Имобиле ја следеше и селекторот на Италија, Роберто Манчини.

Италијанците се загрижени затоа што Имобиле е прв напаѓач на „Аѕурите“ и не сакаат да го изгибат пред натпреварот против Македонија идниот месец. Засега не е познато од каков карактер е неговата повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шок за Шпанците: Репрезентацијата може да биде исфрлена од ЕП, а клубовите од сите УЕФА натпреварувања?!

Како што претходно пишуваше шпански „АС“, УЕФА ја следи ситуацијата во шпанскиот фудбал, а…