Дома Фудбал Лига на шампиони Чеферин: ПСЖ ја поддржува идејата за „Фајнл-фор“ во ЛШ

Чеферин: ПСЖ ја поддржува идејата за „Фајнл-фор“ во ЛШ

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин ги откри плановите за промена на форматот на Лигата на шампиони.

Идејата на европската куќа на фудбалерот е да се игра „Фајнл-фор“, односно четирите полуфиналисти да играат турнирски на неутрален терен и така да се борат за трофејот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На сличен начин беше решен победникот во сезоната 2019/20, кога поради пандемијата беше прекината сезоната во март.

„Се уште не сме донеле конечна одлука поради пандемијата, бидејќи сега е тешко да се планира. Но мислам дека идејата е одлична“, изјави Чеферин.

„Идејата им ја соопштив на неколку претседатели, како на Насер Ал-Келаифи, кои се согласија. Мислам дека Фајнл-фор во ЛШ ќе донесе и поголеми приходи за клубовите“, додаде првиот човек на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона започнува операција “Бастони”

Барселона веќе ја планира следната сезона со јасни цели. Постои целосен консензус помеѓу с…