
Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски е промовиран во босанскиот клуб Сараево.
Сараево Аврамовски го промовираше како големо засилување во офанзивниот дел. Со Сараево популарниот Цујо потпиша договор на две години.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Среќен сум што доаѓам во Сараево. Имавме контакт долго време и на крајот мило ми е што успеавме да постигнеме договор за соработка. Се радувам на натпреварите кои ќе следуваат“, изјави Аврамовски.
„Опасната левица од македонската репрезентација дојде во нашиот клуб“, вака Сараево го промовираше Аврамовски.
Во Сараево Аврамовски доаѓа на барање на тренерот Александар Васоски кој од неодамна е во клубот.