Македонската фудбалска икона Горан Пандев во последниот ден од преодниот рок направи трансфер во Парма и овој трансфер привлече големо внимание.
За трансферот на Пандев се пишуваше во региониот, а посебно интересен беше и за Италијанците. Парма до крајот на сезоната ќе има „легенда во нападот и легенда на голот“. Навистина ќе биде посебно да се гледаат Пандев и Буфон на иста страна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Какви резултати ќе донесе овој „тандем“ допрва ќе видиме, меѓутоа во Парма веруваат овој потег е одличен и од маркетинг страната. Имено, само што дојде Пандев во Парма го „искористија“ неговиот лик за реклама за продажба на дресовите за актуелната сезона.
Фотографијата од Пандев е поставена на Инстаграм профилот на Парма со линк кој ве води до официјалниот фан шоп на „млекарите“. Дрес од Парма можете да купите за 79 евра, а во понудата има и ретро голмански дрес од првата сезона на Буфон во Парма, тој чини 119 евра.
Линк од официјалниот фаншоп на Парма.