Дома Трансфер зона И Јувентус влегува во трката за „детето“ на Барса?

И Јувентус влегува во трката за „детето“ на Барса?

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхио Роберто, би можел да го напушти каталонскиот гигант ова лето.

Роберто во својот договор има клазула од 40 милиони евра, па доколку некој клуб се одлучи да ја плати на него останува да одлучи дали ќе остане или ќе замине.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и Челзи веќе најавија дека се спремни да ја платат клазулата, а сега во игра за потписот на овој фудбалер влегува и тимот на Јувентус.

Јувентус има јасна намера, Роберто минатата сезона настапуваше како десен бек, но по природа тој е играч од средината, па италијанскиот шампион би ги затворил двете позиции со доведување на еден играч.

Покрај тоа, Роберто има 25 години, па 40 милиони евра за неговите услуги и не е така висока сума бидејќи стратегот на италијанскиот клуб бара фудбалер кој би бил решение за неколку сезони.

Роберто во Јувентус веројатно би заработувал повеќе отколку во Барселона, но помалку од она што би го добивал доколку се одлучи за преселба во Премиер лигата. Но, според шпанските медиуми, парите се најмал проблем, Роберто сака клуб во кој ќе може да биде стандарден.

Во Барселона на десната бековска позиција пристигна Семедо, а во средниот ред конкуренцијата е таква што Шпанецот тешко дека може да се надева биде стартер, посебно доколку во Барселона биде доведе Фелипе Кутињо.

Да потсетиме, кога Дани Алвеш беше во клубот, а Андрес Иниеста во полна форма, Роберто одигра само 12 натпревари

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…