Репрезентацијата на САД славеше против Хондурас со 3:0, но начин кој предизвика многу контроверзии во јавноста. Овој натпревар се играше на -17 степени, а Хондурас е селекција која доаѓа од топлите краишта.
Додека се играл натпреварот дувал силен ветер, па било и постудено. Колку репрезентативците на Хондурас имале проблем покажува тоа што двајца фудбалери на гостите, голманот и уште еден играч морале да бидат заменети на полувреме затоа што покажувале знаци на хипотермија (премрзнатост).
Honduras goalkeeper Luis López had to be substituted at halftime against the United States because of "extreme climate conditions".
— ESPN FC (@ESPNFC) February 3, 2022
The temperature at kickoff was -17°C (1°F) with a wind chill of -14 🥶 pic.twitter.com/JD2wVoVt0w
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите и судиите имале дозвола да носат заштитни капи и дополнителна опрема под дресовите, но тоа не помонало. Селекторот на Хондурас, Дарио Гомес по мечот изрази револт затоа што се дозволило мечот воопшто да се игра.