Новак Ѓоковиќ беше во центарот на вниманието во претходниот период поради драмата во Австралија во која на крајот беше депортиран.
Српскиот тенисер остана без можност да ја брани титулата на Австралија Опен и таа на крајот заврши во рацете на Шпанецот Рафаел Надал. Случајот на Ѓоковиќ беше и пред судот во Австралија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од депортирањето од Австралија Ѓоковиќ не зборуваше пред медиумите што се случувало таму, а сега најави дека ќе раскаже се што се случувало.
„Од кога дојдов не разговарав за случувањата во Австралија, па ќе ве замолам за трпение. За седум до десет дена ќе имам соопштение со кое ќе раскажам детално што се случуваше таму“, порача Ѓоковиќ.