Дома Останати Тенис Демант од тимот на Ѓоковиќ: Вакцинацијата не е опција

Демант од тимот на Ѓоковиќ: Вакцинацијата не е опција

Новинарот на шпанскиот „Депортес Куатро“ Хозе Мануел Аморос ги контактираше луѓето блиски на Новак Ѓоковиќ кои демтнатираа дека првиот играч на светот размислува да се вакцинира.

Пред два дена австриски медиуми повикувајќи се на блиски извори од опкружувањето на Новак пишуваа дека Ѓоковиќ донел одлука да се вакнцинира. Оваа информација беше проверена од страна на шпанскиот новинар Хозе Мануел Аморос.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тој ги контактирал луѓето од таборот на Новак.

„Во иднината може се да се случи, но сега вакцинацијата не е опција“, изјавиле од тимот на Ѓоковиќ.

Исто така Аморос се обидел да дознае дали Ѓоковиќ го гледал финалето на Австралија Опен помеѓу Рафаел Надал и Данил Медведев. Одговорот бил негативен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ забележа нов пад на АТП-листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на пониска позиција и на денес објавената АТП-лист…