Барселона е еден од кандидатите за потписот на Ерлинг Халанд, но дали навистина клубот е спремен да ја победи конкуренцијата?
Халанд на лето ќе може да ја напушти Борусија Дортмунд за 75 милиони евра, но јавна тајна е дека неговиот агент Мино Раиола и таткото на Норвежанецот барата голема провизија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Барселона зборуваше на оваа тема и откри колкава провизија треба да плати клубот кој го сака неговиот потпис.
„Кога станува збор за Халанд сигурно нема да зборувам нешто што не е вистина. Ако треба да се плати голема провизија, тогаш тоа ќе го кажам и нема да го кријам. Клузулата изнесува 75 милиони, но целиот трансфер е 120 милиони. Ако сакаме да го доведеме и треба да платиме 40 милиони евра провизија, тогаш тоа ќе го кажам јавно“, изјави Лапорта.