Дома Останати Тенис Надал го освои Австралија опен, но Ѓоковиќ се уште е неприкосновен на врвот

Надал го освои Австралија опен, но Ѓоковиќ се уште е неприкосновен на врвот

По завршувањето на првиот годинашен Грен слем, на ранг-листата на АТП во првите десет позиции има само една промена.

Беретини од седмото напредуваше на шестото место на сметка на Рубљев. И натаму лидер е Ѓоковиќ кој го пропушти Австралија опен поради проблеми со визата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Ветеранот Роџер Федерер падна на 30-то место, што е негова најлоша позиција од јануари 2001 година.

Пласман на најдобрите 10 тенисери во светот:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 11 015 бодови
2. Данил Медведев (Русија) 10 125
3. Александар Зверев (Германија) 7 780
4. Стефанос Циципас (Грција) 7 170
5. Рафаел Надал (Шпанија) 6 875
6. Матео Беретини (Италија) 5 278
7. Андреј Рубљов (Русија) 4 830
8. Каспер Руд (Норвешка) 4 065
9. Феликс Оже-Алиасиме (Канада) 3 923
10. Јаник Синер (Италија) 3 705.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

ВАДА: Синер заслужува суспензија поради допингот!

Случајот на два позитивни теста на допинг контрола на Јаник Синер сè уште е во мирување. О…