Барселона веќе повеќе од една година се наоѓа во голема финансиска криза, но изгледа дека на проблемите наскоро може да им дојде крајот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Каталонскиот трошеше нерационално во претходните години и тоа најмногу се одрази изминатото лето кога клубот мораше да го напушти Меси. Потоа дојде до промена на раководството, Лапорта се врати на функцијата претстедател и сега работите изгледа одат на подобро.




Според последните најави Барселона ќе добие нови спонзор. Со денови се шпекулира дека шведската копанија „Спотифај“ ќе биде новиот спонзор, договорот со „Ракутен“ нема да биде продолжен.




Најавите се дека ќе се промени името на стадионот кое е од 1975. Во минатото беа одбивани некои навистина големи понуди. Барселона како што се најавува од „Спотифај“ би можела да добива 70 милиони евра годишно, можеби и повеќе. Името на стадионот би било „Камп Ноу Спотифај“ или „Спотифај Камп Ноу“.