Дома Фудбал Серафимов го продолжи договорот со Залаегерсег

Серафимов го продолжи договорот со Залаегерсег

Maкедонскиот репрезентативец, Никола Серафимов нема намера да си замине од Залаегерсег и го продолжи договорот со унгарскиот тим до 2025 година.

„Соопштуваме убави вести. Серафимов го продолжи договорот на дополнителна уште една година. Тој ќе остане тука до 2025 година“, објавија од клубот.

Во кариерата Серафимов беше дел од Вардар, помина една сезона во Пелистер, па Брегалница, потоа имаше неуспешна епизода во Чешка. Од таму следуваше враќање во македонскиот фудбал во Академија Пандев каде повторно почна да игра во добра форма, па обезбеди трансфер во Унгарија, но и повик од Милевски во „А“ репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Охрид ја брани предноста, Тетекс ќе ја тестира одбраната на Пелистер

Втората лига продолжува со шест саботни натпревари. Охрид ја пречекува Беласица по четири …