Дома Фудбал Реал во последните моменти се спаси од пораз против Елче 🎥

Реал во последните моменти се спаси од пораз против Елче 🎥

Елче беше блиску да приреди голема сензација во Ла Лига, но на крајот Реал успеа да извлече бод.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот започна добро за Реал, „кралевите“ после половина час добија пенал. Одговорноста ја презема човекот кој игра во одлична форма, Бензема, но Французинот очајно го изведе пеналот и промаши.

Казната стигна во финишот од полувремето кога Боје го доведе Елче во водство. Во вториот дел следуваше опсада кон голот на гостите, се редеа шанси, меѓутоа изостануваше реализацијата.

За таквите промашувања стигна нова казна. Мила на 15 минути погодува и носи 0:2 за Елче. Веќе во следниот напад Касемиро ја погоди пречката. Во 82-минута Реал доби втор пенал, а овој пат Модриќ застана зад топката и погоди.

Од пораз Реал се спаси со голот на Милитао во 92-минута. Малку недостасуваше да ја видиме првата победа на Елче на гости кај Реал во историјата на шпанското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Приказната на Лапорт: Како Дешан го избрка од Франција и како ја сервира својата одмазда во дресот на Шпанија

Ејмерик Жан Луи Жерар Алфонс Лапорт, тоа е целосното име на репрезентативецот на Шпанија и…