Дома Трансфер зона Барселона сака Хрват кој игра за вториот тим на Баерн?

Барселона сака Хрват кој игра за вториот тим на Баерн?

Германските медиуми пренесуваат изненадувачка вест, а тоа е дека Барселона го сака младиот хрватски голгетер Габриел Видовиќ.

Габриел Видовиќ е напаѓач кој игра за вториот тим на Баерн. Хрватскиот фудбалер прикажува добри настапи за вториот тим на Баерн и затоа е стандарден, а се очекува наскоро да потпише професионален договор.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


За вториот тим на Баерн постигна 12 голови на 20 натпревари и „Трансфермаркт“ го проценува на два милиони евра вредност. Се најавуваше дека тренерот на првата екипа на Баерн Јулијан Нагелсман ќе му даде шанса во првиот тим, меѓутоа се појавија и некои проблеми со повреди.

Ќе видиме дали нешто ќе се промени по интересот од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…