Дома Македонски спорт Мак фудбал Кире Маркоски претставен во Шкендија: Верувам дека тука можам да напредувам

Кире Маркоски претставен во Шкендија: Верувам дека тука можам да напредувам

Денес Шкендија го претстави засилувањето од ривалот Шкупи, Кире Маркоски.

Маркоски со тетовскиот клуб потпиша договор на една ипол година. За Шкендија Маркоски е петто засилување во овој преоден рок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Желбата на секој играч кој игра во домашното првенство е еден ден да биде дел од Шкендија. Среќен сум што ќе потпишам за Шкендија која создава многу силен тим кој има за цел да ја освои титулата. Верувам дека во Шкендија можам уште повеќе да се развивам како фудбалер, со нетрпение чекам да почне првенството и да го давам максимумот заедно со соиграчите“, изјави Маркоски на претставувањето.

Во кариерата претходно Маркоски настапуваше за Работнички, АЕЛ Лимасол, Спартак Трнава, Академија Пандев и Шкупи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го доведе како големо засилување, а сега неговиот агент вели: Чави воопшто не зборува со него!

Витор Роке не е среќен во Барселона, а неговиот агент Андреа Кари ја потврди ситуацијата в…