Дома Фудбал Англија Арсенал и Ливерпул во битка за билет за финале

Арсенал и Ливерпул во битка за билет за финале

Вечерва на програмата е реванш натпревар од ½ финалето на англискиот Лига Куп каде што Арсенал на домашен терен ќе го пречека тимот на Ливерпул.

Најава за некој нов Арсенал

После неколку прилично слаби сезони, впечатокот е дека конечно ова би можело да биде убава година за фудбалерите, но и фановите на Арсенал.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Во моментов овој тим се наоѓа на 5-то место на табелата со само два бода помалку во однос на 4-то пласираниот тим на Вест Хем, но секако треба да напомнеме дека имаат два натпревари помалку од својот градски ривал од Лондон.

На последните пет натпревари во Премиер лигата, фудбалерите на Арсенал остварија четири победи и само еден пораз кога на домашен терен беа поразени од Манчестер Сити.

Артета за овој натпревар не може да смета на услугите на Обамејан, Елнени, Парти и Пепе кои имаат обврски за своите репрезентации, а исто така ќе недостига и Гранит Џака кој доби црвен картон во последниот натпревар.

Салах и Мане се сериозен хендикеп за Ливерпул

Пред се треба да го пофалиме Ливерпул за фантастични партии во ЛШ, каде што без поголеми проблеми стигнаа до пласман во нокаут фазата и тоа преку првото место во една воопшто и не така наивна група.

На последните пет натпревари во Премиер лига, Ливерпул оствари две победи, две реми, но и доживеаа еден пораз на гостувањето кај Лестер. Во минатото коло изиграа фантастичен натпревар на домашен терен со нецелосен состав, но успеаа да победат со резултат од 3-0.

Во моментов се наоѓаат на второто место на табелата со дури 11 бода помалку во однос на првопласираниот Манчестер Сити кој судејќи по се, најверојатно ќе биде новиот шампион на Островот.

Што се однесува до комплетноста на составот, ќе недостигаат Салах, Мане и Кеита, а исто така Клоп не може да се надева ниту на Алкантара, Окслејд-Чемберленд и Ориги кои имаат проблеми со повредите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Стоунс го спаси од пораз Манчестер Сити во дербито со Арсенал 🎥

Во дерби натпреварот од 5. коло на англиската Премиер лига, Манчестер Сити и Арсенал одигр…