Тотенхем е силно заинтересиран за шпанскиот репрезентативец, Адама Траоре, пренесуваат медиумите на Островот.
Крилниот играч на Вулверхемптон е голема желба на Антонио Конте, кој смета дека одлично би се вклопил во неговиот стил на игра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тотенхем на Траоре му понудиле договор до 2026 година и далеку поголема плата, но пречка за трансферот е тренерот Бруно Лаге, кој сака да го задржи до крајот на сезоната.
Тотенхем е подготвен да плати 25 милиони фунти за Шпанецот и да го донесе до крајот на зимскиот преоден рок.