Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека доаѓа вистинскиот момент за продажба на една од големите ѕвезди на тимот, Роберто Фирмињо.
30-годишниот Бразилец има договор на уште 18-месеци со Ливерпул и клубот нема намера да му понуди нов, туку ќе го стави на трансфер листа на лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од почетокот на сезоната Фирмињо имаше неколку повреди и го загуби местото во стартниот тим и до овој момент има постигнато седум гола.
Со оглед на падот на неговата форма и краткиот договор со Ливерпул, „црвените“ се спремни да го продадат за 20 милиони фунти.
За Фирмињо интерес покажуваат неколку европски гиганти, а најсилен е интересот на Барселона.