Скандал го тресе белгискиот фудбал, а вклучени се и гигантите од оваа земја.
Според пишувањето на медиумот „DeMorgen“ Гент, Генк, Шарлеои, Стандард, КВ Кортријк и Клуб Бриж би можеле да ја изгубат лиценцата за настап во најсилната белгиска лига. Нив им се заканува исфрлување во понизок ранг, а некои екипи би можеле да се најдат и во најискиот ранг и повторно да започнат од петтата лига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Белгија актуелна е „Операција Нула“ каде што се спроведуваат акции против корупција и криминал во спортот и на распит се појавиле стотина осомничени. Под лупа се дури 57 клубови.
Според правилата на Фудбалскиот Сојуз на Белгија ако поединец е обвинет за корупција и криминал во фудбалот, автоматски и неговиот клуб би добил казна исфрлување. Таква е процедурата ако станува збор за претседател, директор или некој член на Управниот одбор на клубот.
Ако се докажат за виновни обвинетите ќе бидат суспендирани од фудбалот најмалку три години и би добиле забрана за занимавање со било каква работа која е поврзана со спортот.