Дома Фудбал Официјално: Македонија без Елмас и Костадинов против Италија

Официјално: Македонија без Елмас и Костадинов против Италија

Македонија и дефинитивно во плеј-офот за пласман на Светското првенство ќе биде без Елиф Елмас и Тихомир Костадинов.

Се најавуваше дека ФИФА можеби ќе ги поништи суспензиите за баражот, но тоа не се случи. Светската фудбалска организација одлучи да ги поништи картоните ама не и суспензиите. Поништени се само картоните на играчите кои беа под закана за суспензија со евентуален жолт картон да го пропуштат финалето.

За жал играчите како Елмас и Костадинов кои веќе имаат по два жолти картони и еден црвен од тие 12 селекции во баражот нема да бидат достапни за полуфиналето.

Натпреварот со Италија го играме на 24. март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двоен удар за Баерн: Келн однесе бод, Кејн и Олизе се повредија

Баерн одигра 1:1 со Келн во Минхен, но поголема грижа се принудните замени на Хари Кејн и …