Дома Фудбал Англија Марсијал му одговори на Рангник: Никогаш не сум одбил да играм за Јунајтед

Марсијал му одговори на Рангник: Никогаш не сум одбил да играм за Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, синоќа изјави дека францускиот фудбалер Антони Марсијал одбил да биде во тимот за натпреварот против Астон Вила.

Тоа британските медиуми го издигнаа на ниво на скандал, но Марсијал денес категорично демантираше.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Никогаш нема да одбијам да играм за Манчестер Јунајтед. Овде сум седум години и никогаш не сум покажал непочитување и никогаш нема да покажам непочит кон клубот и фановите“, напиша Марсијал на Инстаграм.

Французинот има договор до 2024 година со Јунајтед, но јавно призна дека побарал да му биде дозволен трансфер во овој преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…