Челзи е фаворит за потписот на дефанзивецот на Баерн Минхен, Николас Зуле, пренесува „Билд“.




Лондонскиот клуб е заинтересиран за 26-годишниот Германец, чиј договор со Баерн истекува на крајот на сезоната.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Интерес за Зуле покажува и Барселона, но самиот фудбалер преферира преселба во Премиер лигата. Челзи е во предност пред другите клубови и поради Томас Тухел, кој го убедил сонародникот да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.




Баерн се обидува да го задржи дефанзивецот, но Зуле одбива да потпише нов договор бидејќи сака нова авантура.