После поразот од Црна Гора Македонија го завршува настапот на Европското првенство, останува да го одиграме уште последниот натпревар против Данска во понеделник.
Свој коментар после натпреварот против Црна Гора даде и еден од најискусните во нашите редови, Гоце Георгиевски.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Лошо отворивме, поведоа со 4:0, а потоа беше тешко да се вративме. Надополнивме, но тоа не беше доволно. Неприфатливо е да примиме 17 гола за едно полувреме и тоа со многу одбрани на нашите голмани, одбраната не функционираше. Во вториот дел се разбрани нивниот голман и промашуваа многу помалку од нас во нападот. Според мене пресуди искуството“, изјави Георгиевски.
Натпреварот со Данска е на програмата во понеделник од 20:30 часот.