Дома Трансфер зона Арсенал со 70 милиони евра ќе се обиде да го доведе Влаховиќ во овој преоден рок

Арсенал со 70 милиони евра ќе се обиде да го доведе Влаховиќ во овој преоден рок

Според последните информации Арсенал направил конкретен чекор во трката за ангажман на српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Информациите на дел од медиумите од Островот се дека Арсенал испратил понуда од 70 милиони евра на адреса на Фиорентина. Оваа понуда наводно би требало да ги задоволи апетите на првиот човек на Фиорентина.

Арсенал веќе подолго време се поврзува со Влаховиќ, но засега трансферот изгледаше нереално да се реализира во јануари и се најавуваше дека Србинот сигурно ќе остане во Фиорентина барем од лето.

Ќе видиме дали оваа понуда ако навистина ја има може да донесе промени. Кога се личните услови на Влаховиќ во прашање од Арсенал понудиле 150.000 фунти неделно, додека агентите на Влаховиќ побарале двојно повеќе.

Тренерот на Арсенал Микел Артета неодамна даде изјава во медиумите со која порача дкеа најдобрите фудбалери се уште сакаат да играат за Арсенал, па ќе видиме дали ќе успеат да г о доведат Влаховиќ кој сигурно е еден од најдобрите и најбараните на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…