Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд после вчерашниот натпревар против Фрајбург (5:1) даде изјава во која го критикуваше раководството на Борусија за притисокот да донесе одлука за неговата иднина.
Набрзо, по изјавата на Халанд одговор стигна од директорт на „милионерите“ Ханс Јоаким Вацке.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тој е спомнтана личност и дозволено му е да зборува. Со Ерлинг немаме проблеми, но мора да ја разбере и нашата ситуација. Не можеме да го чекаме крајот на мај за да ја знаеме неговата одлука“, изјави Вацке.
После ваквата ситуација одлуката за иднината на Халанд може да биде донесена до крајот на месецот, па ќе видиме што одличниот напаѓач ќе одлучи. Интерес за него во претходниот период покажаа голем број европски гиганти.