Дома Топ вести Дали Скопје е местото каде што ќе биде договорен еден од најголемите трансфери?

Дали Скопје е местото каде што ќе биде договорен еден од најголемите трансфери?

Вечерва на „Филип Втори“ ќе се сретнат, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид кои би можеле до крајот на преодниот рок да направат голема зделка која ќе биде договорена токму во нашиот главен град.

Големите светски обложувалници даваат големи шанси Герет Бејл до крајот на овој месец да премине во редовите на Манчестер Јунајтед.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Кога во прашање се коефициентите, за заминување на капитенот на Велс се дава коефициент 2, што значи дека би можеле да си дуплирате уплатата, додека доколку типувате на останување вашата уплата би можеле да ја зголемите четирикратно.

Герет Бејл е незадоволен од својот статус во Реал Мадрид, а ситуацијата сигурно би била влошена доколку феноменалниот тинејџер, Килијан Мбапе, ова лето заврши на „Сантијаго Бернабеу“. Велшанецот сака гаранција од Зинедин Зидан дека ќе има значителна минутажа во новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…