Дома Фудбал Англија Колкава плата бара Салах во Ливерпул?

Колкава плата бара Салах во Ливерпул?

Пред неколку денови ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах изјави дека продолжувањето на договорот е во рацете на раководството, кое треба да покаже дека го цени неговиот придонес.

Египќанецот потцрта дека не бара „луди нешта“ и дека неговата примарна желба е да остане на „Енфилд“.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Многумина се прашуваат какви точно се финансиските барања на Салах за да остане во Ливерпул. Според „Телеграф“ тој за да го продолжи договорот побарал плата од 400.000 фунти неделно, а неговиот договор истекува за 17 месеци.

Оваа сума која ја бара Салах е иста колку што Кевин де Брујн добива во Манчестер Сити откако го обнови договорот. Според информациите Салах сака Ливерпул да покаже дека го цени исто колку „граѓаните“ што ја ценат својата најголема ѕвезда.

Салах игра уште една фантастична сезона во Ливерпул и до сега има 23 гола и 9 асистенции на 26 натпревари оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Стоунс го спаси од пораз Манчестер Сити во дербито со Арсенал 🎥

Во дерби натпреварот од 5. коло на англиската Премиер лига, Манчестер Сити и Арсенал одигр…