Дома Трансфер зона Ѕвездата на Манчестер Јунајтед му се нуди на Њукасл

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед му се нуди на Њукасл

Играчот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек е уморен да чека шанса да стигне до првиот тим на „црвените ѓаволи“.

Тој сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок, а неговите агенти оствариле контакт со Њукасл и прашале дали го сакаат Ван де Бек на позајмица со крајот на сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


24-годишниот играч за врска откако пристигна од Ајакс само четири пати беше во стартниот состав во Премиер лигата и сака да се пресели во клуб каде што ќе има поголема минутажа.

Њукасл сега има богати сопственици и нема да има проблем да ја плаќа високата плата на Ван де Бек, притоа бара засилувања во борбата за опстанок.

Манчестер Јунајтед е спремен да го пушти на позајмица во јануари, а покрај Њукасл како можна дестинација се споменува уште и Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…