Италијанскиот гигант Милан постигнал договор со ѕвездата на Лил и португалски репрезентативец Ренато Санчез, пренесува „Газета дело Спорт“.




Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси, па веќе започнал преговори со неговиот агент Жорге Мендеш.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
24-годишниот играч за врска блеска во дресот на Лил, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Милан сака да ја победи конкуренцијата.




„Газета дело Спорт“ тврди дека „росонерите“ се во пол-позиција и дека ги договориле личните услови со Португалецот.




Сепак, многу поверојатно е дека трансферот ќе се реализира на лето, бидејќи Лил не сака да ја пушти својата ѕвезда на средина од сезоната.