Иднината на Пауло Дибала во Јувентус е неизвесна бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако се чинеше дека двете страни се блсику до договор за продолжување на соработката, сепак медиумите тврдат дека дошло до пресврт на ситуацијата.




Аргентинецот беше подготвен да го продолжи договорот, но Јувентус ги промени условите, се зборуваше за 10 милиони по сезона, но „бјанконерите“ ја намалиле понудата.




Според медиумите во Италија, тоа го изнервирало Аргентинецот, кој сега размислува да започне преговори со други клубови. Тоа би било голем удар за Јувентус, кој ќе ја загуби најголемата ѕвезда без обештетување.




Дибала сега е слободен да преговара со заинтересираните клубови, а неколку клубови од Шпанија и Премиер лигата покажуваат силен интерес за него.