Дома Топ вести „Бомба“ од Шпанија: Ѕвездата на Реал се сели во Барселона

„Бомба“ од Шпанија: Ѕвездата на Реал се сели во Барселона

Плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско има договор со Барселона, пренесува новинарот на „Ел Чирингито“, Едуардо Инда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


29-годишниот Иско има договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната, но е на маргините и сигурно ќе си замине на лето како слободен агент.

Едуардо Инда, тврди дека Иско ги договорил финансиските детали со Барселона и на лето како слободен агент ќе се пресели на „Камп Ноу“.

Барселона го сакаше Иско и во 2013 година, но тогаш Шпанецот реши да се пресели во Реал, каде освои 4 титули во Лигата на шампиони и две во Примера.

Реал сака да се ослободи од него, но секако ќе биде сензација доколку Иско навистина се пресели во редовите на најголемиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…