Дома Фудбал Умтити ја искористи ситуацијата: Место заминување, договор до 2026 со помала плата – Барса го регистрираше Торес

Умтити ја искористи ситуацијата: Место заминување, договор до 2026 со помала плата – Барса го регистрираше Торес

Барселона пронајде начин да го регистрира Феран Торес.

Од клубот вчера потврдија дека заминувањето на Кутињо на позајмица во Астон Вила не беше доволно, па се бараше друг начин. Денес е објавено дека Самуел Умтити го обновил договорот до 2026 година со намалување на платата.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Со тоа намалување Барселона овозможи да го регистрира Феран Торес кој пристигна од Манчестер Сити за 55 милиони евра.

Умтити со Барселона имаше договор уште година ипол. Во клубот сакаа да го продадат, меѓутоа очигледно Умтити бил упорен да остане, па морало да пронајдат друго решение. Новиот договор на Умтити со намалената плата има важност до 30. јуни 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Синот на Ибрахимовиќ повикан во репрезентацијата на Шведска

Maксимилијан Ибрахимовиќ, 18-годишниот син на Златан Ибрахимовиќ за првпат доби повик во ј…