Дефанзивецот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди ги помина божиќните празници во Стрејнџвејс, еден од најстрогите и најозлогласените затвори во Англија, каде ќе остане и во иднина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
27-годишниот Менди минатата година беше обвинет за седум силувања на четири жени и за сексуален напад на петта жена.
Во затвор е од август, а ќе му се суди на 24 јануари. Менди е суспендиран од Манчестер Сити, отстранет е од ФИФА видеоигрите, а од овој вторник е префрлен од затворот во Ливерпул во во затворот Стрејнџвејс во Манчестер во кој се сместени затвореници кои се окарактеризирани како опасни.
„Стрејнџвејс е еден од најсторгите затвори во Англија, но негов друг проблем ќе бидат навивачите на Манчестер јунајтед кои се наоѓаат во него. Во ноќите постојано ќе се извикува неговото име за да го остават без сон, посебно бидејќи е обвинет за силување“, пишува таблоидот „Сан“.
Таблоидот пишува дека обвинетите за силување не се популарни меѓу затворениците и тоа би можело да му предизвика дополнителни проблеми за Менди.