Дома Фудбал Еден проблем помалку: Барса го регистрираше Алвес

Еден проблем помалку: Барса го регистрираше Алвес

Барселона соопшти дека успешно е регистриран Дани Алвес и во иднина Бразилецот ќе има право за настап за каталонскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алвес во Барселона пристигна на 12. Ноември како слободен играч, а не беше регистриран поради административни проблеми. Меѓутоа сега тие се отстранети, па Алвес може да и помогне на Барселона во куп натпреварот против Линарес Депортиво.

Во меѓувреме Алвес беше и позитивен на ковид-19, но сега е излечен и ќе биде на располагање на Чави. Наредната задача на Барселона е да ја заврши регистрацијата на Феран Торес.

Барселона за куп натпреварот против Линарес Депортиво ќе има дури деветмина повикани играчи од академијата поради проблемите во првиот тим со повредите и коронавирусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Големото засилување на Вардар прослави роденден во Норчија

На подготовките во Норчија вардарци имаа причина и за мало славје, роденден прослави новот…