Премиерлигашот Манчестер јунајтед доби нови критики преку социјалните мрежи по очајниот настап во поразот од Вулверхемптон со 0-1 на „Олд Трафорд“.
Португалскиот ветеран Жоао Мутињо вчера му пресуси на Јунајтед и го постигна одлучувачкиот гол на натпреварот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа беше прв пораз на Јунајтед во шест меча под водство на новиот привремен тренер Ралф Рангник, кој требаше да ги врати насмевките на лицата на навивачите.
„Црвенте ѓаволи“ одиграа лош натпревар, а критики после натпреварот испрати навивачот Арсенал, Пјерс Морган.
„Рангник е чудотворец, го направи Јунајтед уште полош. Требаше да го земат Антонио Конте додека имаа шанса, не е нормално голем клуб да биде трениран од мал тренер“, напиша Морган.
Ralph Rangnick really is a miracle worker – he's made United even worse.
— Piers Morgan (@piersmorgan) January 3, 2022
They should have gone for Conte when they had the chance. Madness for a club this big to have such a small-time manager.