Дома Фудбал Англија Ериксен има неколку понуди од Премиер лигата

Ериксен има неколку понуди од Премиер лигата

Неколку клубови од Премиер лигата испратиле понуди до Кристиан Ериксен, кој е слободен агент откако го раскина договорот со Интер.

Данскиот плејмејкер го раскина договорот со Интер бидејќи во Серија А не може професионално да игра фудбал со дефибрилатор. Меѓутоа, Ериксен веќе активно тренира и сигурно ќе ја продолжи кариерата.

Ериксен имаше срцев удат за време на Европското првенство, но сега е добро и тренира веќе подолго време, па е спремен да ја продолжи професионалната кариера.

Покрај понудите од Холандија и Данска, Ериксен добил и неколку понуди од Премиер лигата.

„Ериксен ги направи сите тестови пред Божиќ и резултатите беа толку добри што се надеваме дека ќе започне со групни тренинзи во јануари. Италија е земја каде што има строги правила, но Кристиан има дозвола да игра фудбал во многу други првенства“, откри неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скандал: Уапсен српски фудбалер со тон ипол кокаин!

Некогашниот фудбалер Урош Милошевиќ бил уапсен од полицијата при транспорт на огромна коли…