Дома Фудбал Англија Официјално: Тиаго Силва стави потпис на нов договор

Официјално: Тиаго Силва стави потпис на нов договор

Тиаго Силва минатото лето пристигна во Челзи и веднаш се етаблираше во клучна фигура во одбраната на „сините“.

Бразилецот во првата сезона ја освои Лигата на шампиони, а и оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во тимот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Поради тоа Челзи му понуди нов договор, а денес Тиаго Силва стави потпис на нов договор до јуни 2023 година.

Со тоа Бразилецот ќе остане на „Стенфорд Бриџ“ и следната сезона и ќе  биде во форма за Светското првенство во Катар во 2022 година.

„Да се игра за Челзи е вистинско задоволство, никогаш не помислував дека ќе останам три години во овој голем клуб. Ќе продолжам да го давам максимумот за клубот и за навивачите, кои ме пречекаа фантастично“, изјави 37-годишниот Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси троши 100 милиони евра на тандем за совршено лето!?

Фудбалскиот клуб Челси не се шегува откако го освои СП за клубови. Како што потврдија дове…