Легендарниот италијански тренер Фабио Капело имаше интервју за „Газета дело Спорт“ во кое зборуваше за актуелните ситуации.
Јувентус е во потрага по напаѓач, а во игра за пристигнување во Торино се Скамака од Сасуоло и одличниот Душан Влаховиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дали Скамака е погоден за Јувентус? На тимот му е потребен напаѓач, а тој е млад и квалитетен играч. Влаховиќ би бил нешто ново. Спремен е за таков предизвик, има енергија и е шампион. Но, се плкашам дека следната сезона ќе го гледаме во лига каде што има повеќе пари од Серија А“, изјави Капело.
Влаховиќ со Фиорентина има договор до крајот на јуни 2023 година и очекувањата се ова лето да го промени клубот. Според „Трансфермаркт“ цената на Влаховиќ изнесува 70 милиони евра.