Дома Фудбал Реал Мадрид со пораз ја започна годината🎥

Реал Мадрид со пораз ја започна годината🎥

Лидерот на шпанската Примера, Реал Мадрид со изненадувачки пораз од Гетафе (1:0) ја започна годината.

Енес Унал во 9-та минута успеа да ја затресе мрежата на Куртоа, откако ја искористи грешката на Милитао. 

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


До крајот на полувремето гледавме целосна офанзива на Реал Мадрид, Модриќ погоди пречка, па се чинеше дека само прашање на време е кога „кралевите“ ќе постигнат гол.

Во вториот дел Анчелоти направи неколку промени, но не успеа да избегне пораз, иако Реал создаде неколку добри шанси за гол.

Реал е лидер со 46 бода, осум повеќе од Севиља која има одиграно и два натпревари помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиер лигата го обезбеди и петтото место за Лигата на шампионите, а може да има и повеќе екипи!

Премиер лигата ќе има најмалку пет претставници во Лигата на шампионите и наредната сезона…